МИСИЈА
Мисијата на Солунскиот Институт за Земјоделство и Индустрија, уште попознат како Американско Земјоделско Училиште, е да ги образува младите и возрасните да станат професионално подготвени за најновите предизвици во земјоделството, екологијата и природните науки, а со тоа да ја направат Грција и нејзините соседните земји подобро место за живеење.
ВИЗИЈА
Градејќи ја повеке од еден век традицијата на управување со земјата, Солунскиот Институт за Земјоделство и Индустрија попознат како Американско Земјоделско Училиште, се ангажира со трансформативниот процес кој ја зајакнува неговата позиција како високо почитувана регионална образовна институција која подготвува лидери и менаџери кои додаваат вредност на прехранбениот сектор и земјоделството, преку:
• Производство, преработка и маркетинг на храна, сточна храна, влакна и горива
• Мудро искористување на природните ресурси
• Зачувување на природната средина
• Примена на природните науки во решавање на проеблемите
• Користење на информатичката технологија
Нашите програми ќе ги капитализираат можностите создадени од приближувањето кон овие области, како и од страна на улогата на училиштето во Југоисточна Европа. Доследни на основните вредности на установата, ќе го почитуваме нашето наследство и исто така, ќе одговориме на брзото менување на општествените, земјоделски и образовни средини.
Холистичките програми на училиштето ги едуцираат студентите да ги користат нивните глави, раце и срца и да размислуваат креативно, да дејствуваат со интегритет, и да работат тимски и независно да станат лидери во нивните заедници. Школувањето учење-преку-правење ја промовира примената на теоријата во пракса и останува белег на нашата образовна филозофија..
Школата промовира здрави, одржливи, економски видливи и социјално одговорни системи за храна и земјоделство. Нашата програма нуди помош да се подобрат можностите за кариера и благосостојбата на граѓаните на Грција и регионот, како и на другите надвор од овој дофат. Школото одржува силни врски меѓу Америка и Грција и ќе продолжи да го овековечува најзначајните вредности кај секоја страна.
Ние веруваме дека фокусирањето на управување на прехранбениот сектор и земјоделството во Грција и југоисточна Европа ни дава силна конкурентска предност во сегашноста и среднорочната иднина. Наставата во средно, високо образование и образование на возрасни на сите нивоа – со посебно внимание на вештините како што се владеење на англиски јазик и информатичка технологија – ќе ѓи поттикне способностите за натпреварување во глобалната економија. На подолг рок, се фокусираме на применети науки и напредна технологија која ќе ги води нашите иницијативи на сите нивоа.
Школата ќе развива во согласност со стратешкиот план дизајниран да ги унапреди нашите образовни програми и поддршка на еколошки, образовно ориентирани, со додадена вредност активности како што се:
• Млекарство, живинарство и други преработки на храна
• Менаџмент во сточарството
• Договорно истражување
• Биопроизводство, контрола на квалитет и сертификација на лаборатории
• Производство на состојки на здрава храна и природни производи
• Производство на овошје, зеленчук, вино и маслиново масло
• Одржлив агротуризам
Ние подржуваме сојузи на најсовремените фарми, претпријатија и институции со домашни и меѓународни истражувачки и развојни организации. Овие сојузи ќе обезбедат висок квалитет на стажирањето на нашите студенти, финансирање на заеднички проекти во истражување и технологија, можности за професионален развој за вработените, и постојан прилив на совети за новите области на науката и технологијата за водење на секторот за храна и земјоделство во иднината .