Во организација на „БИОСЕЛЕНА“ – Фондација за биолошко земјоделство од Бугарија, од 6 до 10 Јуни 2016 година во Карлово беше реализирана обуката за култивирање на Медицински и Ароматични Растенија (МАР). Обуката ја спроведоа преставници на Бугарската Академија на Науки – Др. Љуба Евстатиева, Институтот за Рози и култури за етерични масла – Др. Станко Станев, Анастасија Чолакова, Др. Стоилоко Апостолов, Николај Тихов и Петар Киров од Биоселена. Обуката даде сеопфатен преглед на состојбите во секторот на култивирање МАР во Бугарија, политиките и легислативата со која се уредува овој сектор, науката и образованието, и обемот на производство и извозни потенцијали на секторот.
Првиот дел на обуката се ги опфати сите важни аспекти и технологии за култивирање на МАР, а вториот дел во посета на производни капацитети во фирмите. Праксата се покажа во фирмите за производство и преработка на МАР (култивирање, берба и сушење, дестилација), „Валентин Русев“ од Розово, „Биопрограма“ од Богдан, „Интермед“ ЛТД од Манолово. Беше посетен и лиценциран расадник за семе и посадочен материјал „Жанета Станева“ во Чеграново. Посетен беше и Институтот за Рози и култури за етерични масла во Казанлак и „Музејот на розата“ каде се прикажани историските почетоци на производство пред 200 години на прочуеното „розово масло“и традиционалните технологии со кои Бугарија стана прва земја со заштитен производ – бренд на розовото масло во светот.