Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е Јавна Институција која е формирана со Закон донесен од страна на Собранието на Република Македонија.
Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Македонија.
Националната агенција со остварување на овие програми придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката.
Корисници на програмите можат да бидат: ученици, студенти, наставници, професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од образовниот процес, претпријатија и други правни лица вклучувајќи ги и трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела како и здруженија на граѓани и фондации.
Поранешните европски програми “Доживотно Учење” и “Млади во Акција” во Република Македонија беа имплементирани од страна на Националната агенција во периодот од 2008 – 2013 година, а од 2014 година активностите од акциите во рамките на овие програми преминуваат во новата програма Еразмус +.
Еразмус + е името на новата програма која ги обединува ЕУ програмите за образование, обука, млaди и спорт во периодот 2014-2020.