Шумарството во Република Македонија е стопанска гранка која што во бруто националниот производ учествува со 0,3 до 0,5%, меѓутоа ако се даде вредност на општокорисните функции, придонесот е значително поголем.
Природните услови на R.M условено од локацијата, климата, релјефот, геолошката градба на теренот, хидролошки-хидрографски карактеристики и слично, им овозможи постоење и развој на голем број на растителни и животински видови. Поради тоа, нашата земја спаѓа во земјите со богата биолошка разновидност. Голем број на растителни и животински видови се реликвии и ендемични.
Флората во шумите во Р.М. се состојат од 319 видови на дрвја и грмушки со повеќе од 80 подвидови и вариетети во 119 гени и 54 семејства, а 16% од вкупниот број на видови се ендемични или суб ендемични на Балканот. Според на досегашните проучувања на видови дрвја и грмушки создаваат 81 дрвни фитоценози содржани во 31 заедници, 11 гени и 6 класи.
Јавното претпријатие “Македонски шуми” е основано со одлука на Владата на 15 Декември1997 и почна да работи на 1 Јули1998 како правен следбеник на 30 Шумско економски стопанства кои стопанисуваа со државните шуми.
Актуелни состојби бараат создавање на ефикасен систем на мултифункционално управување со шумите и развој на модерна дрвна индустрија со високи стандарди. Една од најперспективните активностите на Јавното Претпријатие Македонски шуми е користење и собирање на други шумски производи како и производство на медицински и ароматични растенија.
Другите правни субјекти и поединци, може да добијат дозвола за собирање на други шумски производи како овошје, и лековити растенија или нивни делови, цвет, печурки, лишаи, мов, семе, смола и други шумски плодови. Јавното претпријатие Македонски шуми, издава дозволи и склучува договори за собирање на други шумски производи со сите правни субјекти и физички лица, кои би сакале да се соберат шумски производи.