Историја
Америчката Школа за Фармери (АФС) е формирана пред еден век со цел да служи за едукација на студентите од средната, вишата школа и школата за возрасни. Founded over a century ago, the American Farm School serves students at the secondary, post-secondary and adult levels. АФС обезбедува формално земјоделско образование, како и технички и професионален тренинг, со цел да ги припреми студентите за водечки улоги во општествениот живот и да ги поддржи личните еиницијативи, духот на претприемаштво, вреднување на напредокот, постојано истражување и способноста на тимска работа.
Перотис Колеџот за Земјоделство, Екологија и Природни Науки, огранок на Америчката Школа за Фармери, беше основан како Лабораторија за слободни студии во 1995 година, преку донација на г-ѓа Алики Пероти, со намера да се понудат повисоки едукативни програми за професионални кариери во земјоделската и прехрамбената индустрија. Во 2007 година, преоку партнерство со Метрополитан Универзитетот од Кардиф, Перотис Колеџот воведе пост- дипломски студии (BSc degrees).
Мисија
Како институција за високо образование, Перотис Колеџот обезбедува студиски програми кои се ориентирани кон истражување и пракса, и кои одговараат на јавните социјално, економски и еколошки ипотреби. Перотис Колеџот како составен дел на Америчката Школа за Фармери, ги промовира еднаквите можности за сите студенти и вработени, како и за сите апликанти за вработување на работни места, без оглед на расата, религијата, пол или етникум. Опслужувајки ги студентите на руралните и урбаните средини на Грција, Југо-Источна Европа, Европската Унија, САД и пошироко, Перотис Колеџот се стреми кон следните образовни цели :
• Да овозможи на студентите да се запознаат и критички да ги анализираат современите информации , методи и технологии, и да ги споделат и применат знаењата во професионалната кариера во унапедување на земјоделството, бизнисот, туризмот и прхрамбената индустрија;
• Да ја постави кај студентите јака теоретска и практична основа за дисциплини во земјоделството, туризмот и бизнисот со цел да ги совладаат пост-дипломските студии и напредните тренинзи;
• Да ги развие студентските вештини и способности за интерперсонално лидерство, комуникации, предприемаштво, креативност, решавање на проблеми и критичко размислување;
• Да се поттикне кај студентите подигање на свеста за современите глобални прашања, чуствителноста кај културната разновидност и меѓусебната поврзаност;
• Да се поттикнат студентите да станат составен дел од нивните заедници со цел да понудат постојано учење, градење мрежи и поттикнување на одржливо, продуктивно живеење и работна средина; и
• Да се охрабри потрагата по знаења надвор од традиционалните студентски години со цел да се обезбеди постојан пристап до информации, знаења и вештини кои можат да допринесат до снабдување со изобилство на храна и растителни влакна; да ја промовираат благосостојбата на поединци, семејства и заедници, и да се зајакне одржливоста на земјоделските и економските системи;