Проектот CulT „Зајакнување на капацитетите на земјоделците за одгледување на Медицински и ароматични растенија – МАР преку трасфер на знаења и добри практики“ со поддршка на Националната агенцијаза европски образовни програми и мобилност, а во рамките на програмата Еразмус +, ја организира првата Работилница за заинтересираните страни во ланецот на култивирање на медицински и ароматични растенија во Република Македонија.
Слика 1
Целта на средбата беше да се идентификуваат образовните потреби на производителите на МАР во нашата земја, но и можностите за унапредување на оваа област преку регионално поврзување на производителите, преработувачите и трговците на МАР и нивна размена на материјали, искуства, знаења и можност за заеднички настап.
На работилницата беа поканети и присуствуваа претставниците на сите партнери во проектот, како и претставници на повеќе приватни компании активни во собирање на диворастечки плодови и заинтересирани за одгледување на медицински и ароматични растенија –МАР, образовни институции, организации, фармери.
Слика 2
Дискусијата која се разви после презентацијата на состојбите во нашата земја и регионот, даде јасна слика на потребите за унапредување на овој подсектор, преку организирано градење на капацитети за обука на производителите, изработка стручна литература за култивирање на МАР, поврзување на сите учесници во ланецот на производите од МАР, и информирање и промоција во јавноста. Потребите на учесниците беа вградени во проектните активност и ќе се реализираат во 2016 и 2017 година.
Работилницата беше одржана на 11.03.2016 , во Хотел Сити Парк во Скопје, со почеток во 10.00 часот.
Презентација
Пробио презентација