Според зацртаните активност на Проектот КУЛТ, се реализираше првата стручна обука и тренинг за Медицински и ароматични билки во Солун, Грција во периодот од 27.03-1.04.2016 година. Обуката ја организира „American Farm School“, од Солун- Грција, и во неа учество земаа по 5 преставници од Македонија и Бугарија.
„American Farm School“, од Солун е образовна институција која преку својата програма за образование на возрасни (Center for Life Long Learning – Department of Continuing Education and External Services ) врши професионални акредитирани обуки на фармери – култиватори на МАР во Грција и пошироко.
На обуката беше презентирана актуелната состојба во секторот за култивација на МАР во Грција, неговата улога во националната економија и приватниот бизнис, како и улогата во развојот на земјоделското производство и заштита на националните генетски ресурси за понатамошно одржливо искористување.
Стручниот дел на обуката опфати актуелни теми како подготовка на производството на МАР, со избор на подвидови (вариетети) билки адаптирани на климатските услови во поедини региони во Грција, иситување и подготовка на почвите и производните површини, технологија на поставување насад од МАР, економски параметри на инвестицијата и обезбедување на потребна механизација и опрема за планираното производство.
Посебно внимание беше посветено на производството на етерични масла од МАР, како еден од перспективните производи со широки можности за поврзување на сите учесници во ланецот на производот и организација на здружување на производителите (здруженија, кластери), која дава добри резултати.
Квалитетот на добиениот производ, спореден со сличните во светот беше мошне интересна тема за дискусија, посебно значајна кога се раговара за брендирањето на производи од МАР како крајна цел. Тука грчкото искуство покажа доста добри примери за напредок во освојувањето прво на домашниот пазар, а потоа и регионалните и меѓународните пазари.
Беа организирани и теренски посети на производни капацитети на МАР во регионот, како и на научни институции (Национален центар за култивирање МАР и генетска банка, државна лабораторија за анализирањ ена квалитетот на МАР) кои играат огромна улога во ланецот на култивирање на МАР.