Една од главните цели на проектот КУЛТ е дисиминација или пренесување на знаењето за култивирање на Медицински и Ароматични Растенија (МАР) за заинтересираните фармери и граѓани, кои имаат можност преку еднодневна обука да ги добијат сите основни информации како да започнат со поставување насад од МАР на нивните земјоделски површини.
Обуките беа организирани и реализирани во 4 Региони во Република Македонија, со поддршка на Општините Кратово, Крива Паланка, Чашка и Скопје каде посетеноста на фармерите на обуките го даде очекуваниот резултат.
На обуките беше истакнато дека во овие 4 Региони, во Септември 2017 година ќе бидат поставени и 4 пилот површини со МАР кај заинтересирани фармери, каде практично ќе биде покажано пренесеното знаење.
Обука во Кратово
Обука во Крива Паланка
Обука во Општина Чашка