Ве покануваме на Меѓународниот празник на лавандата, етерично-маслени растенија и лековитите билки, на 23 и 24 Јуни во Карлово – Бугарија. Оваа уникатна и мирисна манифестација е позната повеќе како „Фестивал на лавандата“.
Празникот ќе се одржи во Архитектонско туристичкиот комплекс “Античко Карлово”, гр. Карлово под покровителство на Министерството за земјоделство, храна и шумите. Организатор е Општина Карлово, а соорганизитори – Националната асоцијација на производителите на етерично-маслени култури, Фондација „БИОСЕЛЕНА“ и Воен клуб – Карлово.
Од 2012 година Бугарија е на прво место по производство на масло од лаванда. Поволната клима и специфичните почви, ја рангираат Бугарија меѓу најдобрите за производство. Годишно се произведуваат 120 тони етерично масло, а за споредба – Франција годишно произведува 30 тони.
Празникот на лавандата има за цел да го привлече јавното внимание кон лавандата како индустриска и земјоделска култура, исто така помогне во поставување на подобри односи меѓу одделни учесници во ланецот на производи од оваа култура (од производители на сировина лаванда, преработувачи, дестилатори и трговци со етеричното масло). Предвиден е и меѓународен форум кој ќе разговара за предизвиците во секторот.
Во програмата има изложба на производители, концерти, детско лаванда шоу, имплементација на различни обреди и ритуали и др.
Еве и целосната програма на Празникот на лавандата………