Во огранизација на Проектот КУЛТ и ЈП „Македонски шуми“ ,
на ден 15-ти Септември 2017 година, во Скопје ќе се реализира регионалниот настан
КОНФЕРЕНЦИЈА
ЗА КУЛТИВИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ
И АРОМАТИЧНИ РАСТЕНИЈА
На Конфренцијата ќе бидат презентирани резултатите од зацртаните активности во Проектот „Зајакнување на капацитетите на фармерите за култивирање на медицински и ароматични растенија преку трансфер на знаење и добри практики“ или со акроним КУЛТ.
Со презентации и други материјали ќе се престават партнерите во проектот, Фондацијата „БИОСЕЛЕНА“ од Бугарија, „ПЕРОТИС КОЛЕЏ“ од Грција и ЈП „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ од Македонија.
Учество ќе земат и производителите и преработувачите на Медицински и Ароматични Растенија – МАР од нашата земја, кои со размена на искуства и знаења од нивната работа, ќе постават регионална платформа за размена на искуства од оваа област.
Очекуваме дека овој настан ќе го подигне интересот на јавноста за оваа дејност, која во регионот и светот има растечки тренд.