КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КУЛТИВИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ И АРОМАТИЧНИ РАСТЕНИЈА беше одржана во Скопје на 15 Септември 2017 година , во Хотел „Мериот“. Над 68 посетители и учесници во проектот „КУЛТ“ беа запознаени со резултатите од проектните активности. Беа преставени и идните планови за ширење на интересот за поврзување на сите учесници во секторот во форма на здружение или платформа за култивирани медицински и ароматични растенија – МАР во Македонија. Потребата за нивно директно поврзување со сличните организации во Балканскиот регионот и пошироко, размена на искуства и знаење, информирање и промоција, беа внесени во заклучоците од оваа манифестација.
Со свои презентации се преставија сите партнери во проектот, „БИОСЕЛЕНА“ од Карлово – Бугарија, „PERROTIS COLLEGE” од Солун – Грција и ЈП „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ од Скопје – Македонија.
На сите учесниците беа поделени промотивни и едукативни материјали за проектот „КУЛТ“, како и производи од пилот површините со МАР (Melissa, Sage, Lavanda, садници маточина, оригано, лаванда и жалфија).