ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ФАРМЕРИТЕ ЗА КУЛТИВИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ И АРОМАТИЧНИ РАСТЕНИЈА ПРЕКУ ПРЕНОС НА ЗНАЕЊА И ДОБРИ ПРАКТИКИ
- Проектот CulT ќе се спроведува во период 2016-2017 со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а во рамките на програмата Еразмус +.
- Проектот ќе го спроведува Пробио во партнерство со ЈП „Македонски шуми“, „Биоселена“ од Бугарија и „Аmerican Farm School“ од Солун, Грција.
Главната цел на предложениот проект е да се промовира одгледувањето и медицински и ароматични растенија – MAP според нивното економско, еколошко и социјално значење. Преку планираните интервенции, населението во руралните средини ќе има корист од подобрување на можностите за зголемување на приходите преку стимулирање на човечки и социјален капитал, а од друга страна ќе дојде до зачувување на постојните природни ресурси.
Специфичните цели се однесуваат на:
- Стимулирање на партнерства и градење на капацитети помеѓу земјоделците и преработувачите на МАР заради подобрување на квалитетот и квантитетот на одгледувањето
- Изградба на капацитети потребни во вредносниот синџирот на МАР за да одговори на побарувачката на пазарот за типични регионални производи
Во рамките на овој проект земјоделците ќе се мотивираат и обучат за одгледување на МАР. Постојат неколку причини зошто да се одгледуваат МАР:
- Климатските услови во нашата земја се подобни за одгледување на МАР
- Домашните и европските пазари се во подем
- Зголемената побарувачката за МАР од култивирани површини го намалува притисокот врз природните ресурси, односно на самоникнатите МАР.
За реализација на целите, серија на активности се планирани:
- Активности поврзани со изготвување на Студија за потенцијалот за одгледување на МАР и квалитативно истражување на вредносниот синџир на култивирани МАР. Интервјуа со компании кои се занимаваат со одгледување на МАР и компании кои се заинтересирани за одгледување, преку структуиран прашалник
- Активности за подигање на капацитетите во вредносниот синџир на МАР – обука за стручниот тим во текот на 2016 година
- 2 обуки ќе се реализираат во два циклуси еден во Грција и еден во Бугарија
- Ќе се изготви Прирачник за одгледување на одредени МАР кои имаат најголем пазарен потенцијал
- Активности за стимулирање на партнерства и градење на кооперантски односи помеѓу земјоделците и откупувачите и преработувачите на МАР при која клучна улога на ЈП „Македонски шуми“ преку:
– производство на садници од МАР во сопствените расадници
– поставување пилот – насади од МАР на неколку локации
– практична обука на идните производители на МАР
- Активности поврзани со дисеминација на стекнатото знаење – планирани за 2017 година
- Регионални семинари за одгледувачите на МАР
- Тематски семинари
- Промотивни активности преку информирање на јавноста и сите заинтересирани за култивирање на МАР во земјата преку ВЕБ сајт на проектот, и меѓународни настани како:
- Учество на сите партнери во проектот, на Конференција за МАР во Грција, Јуни 2016 година
- Завршна Конференција со презентација на резултатите од проектот во Скопје, во Септември 2017 година